Ќе се распределуваат 44 хектари земјоделско земјиште во Битолско

Bez autora
Mar 07 2012

Министерството за земјоделство објави јавен оглас за распределба на 44 хектари државно земјоделско земјиште во Битолско. Големината на површината на земјоделско земјиште што ќе го добие еден понудувач ќе се утврди врз основа на неколку критериуми во огласот, како што се минимално материјално-техничка опременост и број на планирани вработувања според бизнис-планот. Почетната цена по хектар ќе се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето. За земјоделско земјиште од прва до четврта катастарска класа цената изнесува 25 евра во денарска противвредност, а за земјиште од петта до осма катастарска класа е 15 евра. За подигање маслинарници времетраењето на закупот е за период до 50 години, за лозја, овоштарници, хмељ и за оранжерии до 30 години, колку што изнесува и времетраењето на закупот за издавање на државното земјоделско земјиште за вршење спортско-рекреативни активности и рурален туризам.

Ќе се распределуваат 44 хектари земјоделско земјиште во БитолскоМинистерството за земјоделство објави јавен оглас за распределба на 44 хектари државно земјоделско земјиште во Битолско.

Големината на површината на земјоделско земјиште што ќе го добие еден понудувач ќе се утврди врз основа на неколку критериуми во огласот, како што се минимално материјално-техничка опременост и број на планирани вработувања според бизнис-планот.

Почетната цена по хектар ќе се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето. За земјоделско земјиште од прва до четврта катастарска класа цената изнесува 25 евра во денарска противвредност, а за земјиште од петта до осма катастарска класа е 15 евра.

За подигање маслинарници времетраењето на закупот е за период до 50 години, за лозја, овоштарници, хмељ и за оранжерии до 30 години, колку што изнесува и времетраењето на закупот за издавање на државното земјоделско земјиште за вршење спортско-рекреативни активности и рурален туризам. До 20 години под закуп ќе се издава земјиштето за рибници, а за одгледување други земјоделски култури и за ливади закупот е до 15 години.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik